Милан утре ќе го претстави Марио Манџукиќ, а во јануари Росонерите сакаат да го донесат младиот стопер Фикај Томори од Челзи.
Така тврди новинарот Фабрицио Романо, а Томори најпрво би бил на позајмица до крајот, а потоа Милан би имал право да го откупи неговиот договор.
Цената е 30 милиони евра и ќе биде интересно да се види дали е постигнат договор помеѓу италијанскиот и англискиот тим.
23-годишникот ретко добива шанса во дресот на „сините“, а има играно и за Брајтон, Хал Сити и Дерби.
Тој исто така настапи и за сениорската репрезентација на Англија.