ФУДБАЛ

Милан слави 120 години, возбудлива порака од Рикардо Кака

Златна топка, две ЛШ, шампионат и куп. Рикардо Кака е запаметен од навивачите на Милан како еден од одличните фудбалери што го носеа црвениот дрес на Милан.

Милан денес слави 120 години, а Бразилецот испрати возбудлива порака:

„Здраво Момци, јас сум тука да му честитам на Милан, кој има 120 години! Задоволство ми беше што играм во Милано и задоволство беше да бидам мал дел од оваа прекрасна приказна. Јас сум тука да му се заблагодарам на Милан и да му честитам на клубот за годините што следат, да им честитам на играчите и на сите оние кои ги сакаат овие бои. Им посакувам не само да уживаат во приказната што ја напишавме, туку и да имаат убава и одлична иднина. Секогаш ќе ми остане во срцето. Многу честитки “.