Барселона планираше да го доведе Алесио Ромањоли, но сè остана на плановите па дури и желбите на каталонскиот клуб.
Наводно, Барселона испрати понуда од 40 милиони евра до Милан за капитенот Ромањоли.
„Tuttosport“ тврди дека Милан жестоко одговори на барањето од Барселона, велејќи дека трансфер нема да има.
Дваесет и четиригодишниот е еден од клучните играчи од Милан, и има договор со клубот до 2022 година.
Ромањоли и во наредните сезони ќе биде лидер на одбраната на Милан, само прашање е со кого ќе игра во тандем.
Во 2015 година, Ромањоли од Рома пристигна во Милан за два милиони евра, а „Сан Сиро“ го обожава денес. Освен за Рома, тој исто така играше за Сампдорија како позајмен играч.