Фудбалерите на Милан остварија сигурна победа на домашен терен против Болоња.
Милан во текот на целиот натпревар го диктираше темпото на игра, а имаше контрола врз натпреварот, а освен тоа не им дозволи на гостите да упатат удар во голманскиот простор.
Очигледно беше дека намерата на Болоња беше да се обиде да дојде до бод со цврста одбрана на овој меч, но на крајот не успеа.
Домаќините почнаа бурно, но до 21. минута не успеаја да постигнат гол.
Тогаш на сцена стапи Леао, го матираше гостинскиот голман и го доведе својот тим во водство.
До крајот на првото полувреме Милан се обиде да го удвои водството, но гостите доста добро се бранеа.
Сепак, во вториот дел примија уште еден гол. Се играше во 58. минута кога Жиру ја прими топката која му ја додаде Леао и го постигна вториот гол за Милан на овој натпревар.
Тогаш се чинеше дека ќе има уште неколку голови на овој меч, но немаше, а натпреварот заврши со победа на Милан со 2:0.
По оваа победа Милан е прв на табелата по првите три кола со седум освоени бодови.
Од друга страна, по поразот од Милан, Болоња има само еден бод и е над зоната за испаѓање.