ФУДБАЛ

Милан стави ултиматум пред Гатузо: „Мораш да го направиш тоа или ќе добиеш одказ“

Играчите на Милан вечерва играат против Сампдорија во 29. коло од италијанската Серија А.

Пред Росонерите е многу е тешко гостување, но тимот на Гатузо има потреба од победа за да го задржи местото што води кон Лигата на шампионите, следната сезона.

Милан моментално е четврти со два бода помалку од Интер, а уште четири повеќе во однос на Рома кои се петти. Росонерите добро ја играат оваа сезона и главната цел е конечно да се квалификува за Лигата на шампиони, следната сезона.

Џенаро Гатузо е пофален за неговата работа досега, но му беше кажано од клубот дека ќе биде отпуштен ако не освои пласман за Лигата на шампионите. Росонерите сакаат да се вратат на натпреварувањето што редовно го играа, што е единствениот ултиматум за Гатузо.

Ако Милан не е во позиција да стигне до Лигата на шампионите, тогаш Гатузо дефинитивно ќе биде отпуштен. Веќе се шпекулираше дека во овој случај тренерот на Милан би можел да биде Арсен Венгер, кој е голема желба на Росонерите.

ПОВРЗАНО

Серија А