ФУДБАЛ

Милан веќе се подготвува за новата сезона: Агентите на двајца фудбалери одржаа разговори

Милан веќе ги започна подготовките за новата сезона.

Откако стана јасно дека Стефано Пиоли ќе остане на клупата, започнаа преговорите со потенцијалните засилувања.

Претставниците на двајца фудбалери, Марко Роко (23) од Еспањол и Емерсон Ројал (21) од Барселона, денеска престојуваа во Милано.

Милан сака да ги ангажира двајцата играчи. Разговорите се одвиваат во добра насока и нема да е чудо доколку ова дуо заврши на „Сан Сиро“ следната сезона.

Роко се поврзува и со Арсенал и тешко ќе донесе одлука каде да потпише, но засега е поблизу до Милан.

Емерсон Ројал, од друга страна, минатата сезона ја мина на позајмица во Бетис, а Барса може да добие 23 милиони евра за неговите услуги.