Екипата на Милан добро ја отвори сезоната. Иако само во првото коло играа со Златан Ибрахимовиќ поради тоа што е позитивен на коронавирус, сепак и во двата меча без него „Росонерите“ славеа. Вечерва во вториот дел, односно во последните 30 минути од мечот ја „наполнија“ Специја со 3:0. Леао постигна два и Хернандес еден гол.
По три кола Милан е втор на табелата, а Аталанта е лидер, но само поради подобрата гол разлика. Милан има три од три, со седум постигнати голови и ниту еден примен. Аталанта има 13 постигнати и пет примени.