Српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ ги сумираше впечатоците по ремито 3:3 со Камерун во натпреварот од второто коло на Светското првенство.
Дефанзивецот на Фиорентина смета дека целата вина е кај „орлите“.
Имавме шанси да го постигнеме тој четврти гол. Примаме голови од наши грешки. Повторно пад на концентрацијата, тоа не смее да се случи. Сите тимови овде имаат квалитет“, изјави Миленковиќ и додаде:
“Дадовме се, не успеавме да победиме. Мислам дека заслуживме да победиме поубедливо. На крајот грешките не чинеа, па само еден бод”.