Селекторот на Германија, Јоаким Лев, го објави списокот на играчи на кои ќе смета на Европското првенство.
Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат почетокот на Европското првенство, каде сигурно не очекуваат многу одлични натпревари. Селекторите на тимовите кои изборија место на ЕУРО 2020 го објавуваат списокот на играчи, а истото го стори и Лев.
Помеѓу 26-те повикани се и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс и напаѓачот на Баерн, Томас Милер. Тие немаат играно за националниот тим од ноември 2018 година.
Лев ги повика следниве фудбалери:
Голмани: Бернд Лено, Мануел Ноер, Кевин Трап;
Одбрана: Матијас Гинтер, Робин Гозенс, Кристијан Гинтер, Марсел Халстенберг, Матс Хумелс, Лукас Клостерман, Робин Кох, Антонио Рудигер, Никлас Суле;
Среден ред и напад: Емре Џан, Серж Гнабри, Леон Горецка, Илкај Гундоган, Кај Хаверц, Јонас Хофман, Џошуа Кимих, Тони Крос, Томас Милер, Џамал Мусиала, Флоријан Нојхаус, Лерој Сане, Кевин Фоланд и Тимо Вернер.
Репрезентацијата на Германија се наоѓа во Ф-групата заедно со Унгарија, Португалија и Франција.
Селекторот Игор Ангеловски утре претпладне на прес-конференција ќе го објави составот со кој македонската фудбалска репрезентација ќе отпатува на Европското првенство.