ФУДБАЛ

Милер: Меси или Роналдо? Можеби Левандовски

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, посочи дека веројатно би сакал да продолжи да игра заедно со Роберт Левандовски, дури и ако му се даде можност да игра со Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

Томас Милер беше запрашан дали би сакал да го има аргентинскиот капитен на Барселона или португалскиот напаѓач на Јувентус во својот тим, за време на прес-конференцијата.

Напаѓачот на Баерн призна дека неговиот стил на игра ќе биде повеќе во согласност со играч како Кристијано Роналдо отколку со Лионел Меси, но посочи дека Левандовски може да биде најсовршен партнер за него.

„Можеби во последните години би сакал да играм со Лионел Меси, бидејќи во првите шест или седум години од мојата кариера бев повеќе од напаѓачкиот тип кој прифаќа топки за да постигнува гол“.

„Можеби сега ми треба играч како Кристијано Роналдо за да постигнам голови, но ние во Баерн го имаме Роберт „Леван-гол-ски“! Мислам дека тој може да биде подобра опција сега од Кристијано“.

„Играв против Меси и Роналдо и победив против двајцата, но исто така изгубив и против двајцата. Тие се многу, многу добри, тие се посебни. Тие не се како другите обични играчи кои се многу добри, тие се одлични затоа што секогаш играат до своите граници“,рече Милер.

Милер има 18 асистенции оваа сезона во Бундес-лигата, додека Левандовски има постигнато 29 гола – со што придонесува за ова дуо да освои уште една титула во елитната германска фудбалска лига.