ФУДБАЛ

Милер потпиша до 2024-та!

Томас Милер барем уште две години ќе биде дел од германскиот првак Баерн Минхен. Двете страни експресно се договориле, па тој стави потпис на нов двегодишен договор.

Милер со Баерн досега освои се што можеше да се освои. Прв пат на Баерн му се приклучи во 2000-та година во младинските категории каде беше до 2008-ма, а потоа беше прекомандуван во најдобриот тим. Од тогаш за Баерн одигра над 400 мечеви и постигна над 140 голови. Милер има 32 години.