ФУДБАЛ

Милер пред дербито: Се надевам дека ќе го напуштиме стадионот на Дортмунд со насмевка

Големо дерби во Бундеслигата меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ќе се игра утре.

Натпреварот се игра од 18:30 часот, а во моментов Баерн има предност од четири бода во однос на утрешниот ривал. Во случај на победа, тој ќе се доближи до титулата шампион.

Томас Милер е исто така свесен за важноста на натпреварот.

“За нас, ова е одлучувачка недела. Со нетрпение го очекуваме вторникот. Се надевам дека ќе покажеме што нè прави силни и дека ќе го напуштиме стадионот на Дортмунд со насмевка”, рече Милер.

Во последниот дуел помеѓу овие две екипи во ноември минатата година, Баерн славеше на домашен терен со 4:0.

Баерн и Борусија ја отворија сезоната со две победи.

ПОВРЗАНО

Бундеслига