Селекторот Благоја Милевски на прес конференција одржава по натпреварот рече дека Бобан Николов работи на посебна програма за подготовка откао беше позитивен на Ковид-19. Се надева дека за следниот натпревар тој ќе биде подготвен.
„Бобан Николов работи под посебна програма, покажа завиден професионализам во текот на овие подготовки. Тој се враќаше од коронавирус и од тој аспект го поштедивме од овие два натпревари, нели тој се вклучи во подготовките многу доцна, но одработни посебен вид на програма и мислам дека ќе биде во конкуренција за следен натпревар“, рече Милевски на прес конференцијата одржана по натпреварот Исланд-Македонија.
Македонија вечерва прокоцка одлична шанса за победа против Исланд, иако водевме 2-0, на крајот од натпреварот се случи пресврти па ремизиравме. Следниот натпревар Македонија го игра на домашен терен на 8-ми септември на Денот на независноста во Скопје против репрезентацијата на Романија.