Најдобрите македонски фудбалери очекуваат победа на утрешниот контролен натпревар против селекцијата на Ерменија, кој се игра утре во Струмица на стадионот „Благој Истатов“.
Според селекторот Благоја Милевски, нема повредени и сите фудбалери кои добија покана за овој натпревар конкурираат за настап.
– Очекувањата се да провериме сè што имаме на располагање во моментот од фудбалерите. Одигравме еден исцрпувачки натпревар против Украина и според тоа ќе видиме со што и колку располагаме во моментот. Ме радува што немаме повредени, а кој ќе настапи ќе одлучам пред самиот почеток. Овој натпревар е одлична можност со еден извонредно квалитетен противник, кој игра одлични квалификации во моментот, да го провериме потенцијалот на нашите фудбалери, рече Милевски.
