ФУДБАЛ

Милевски за утрешниот меч со Романија: Не е одлучувачки, до крај ќе биде неизвесно

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски вели дека натпреварот против Романија кој се игра утре со почеток во 20:45 часот во Скопје не е одлучувачки. Тој додава дека Македонија е во таква група каде што ќе биде неизвесно до самиот крај на сите мечеви.

-Играчите не само што се мотивирани, туку веќе го заборавивме тој меч со Исланд и сите мисли и концентрација и мотиви ни се насочени кон утрешниот натпревар, вели селекторот Милевски.

Селекторот воедно додава:

-Психолошкиот момент е најважен сега, кој се испостави дека ни беше единствен проблем со Исланд. Но, сепак не можам а да не ги пофалам момците за она што го покажаа на овие два натпревари. Тој момент што ни се случи на Исланд, е анализиран и веќе е оставен зад себе. Според мене и според мислењето на сите репрезентативци е од психолошки аспект, не е ништо фудбалски. За психолошките моменти кои ни се во моментов еден минус, треба да работиме, на секој психолошки момент му треба време да се острани, вели Милевски.