Јувентус го доведе Аркадиуш Милик, а Полјакот е многу интересен не само поради сопствените квалитети, туку и како некој кој од прва рака може да ги спореди Душан Влаховиќ и познатиот сонародник Роберт Левандовски, со кој игра во тандем во репрезентацијата.
Милик е навикнат да игра со друг напаѓач, а ни самиот Масимилијано Алегри не е априори против таа можност. Значи, постои шанса често да видиме Србин и Полјак заедно.
– Можам да играм со друг шпиц. Играв со Левандовски во репрезентацијата, но селекторот го има последниот збор. Ќе видиме како ќе играме – изјави Милик.
Прашањето за споредба на најдобриот стрелец на Јувентус Влаховиќ и долгогодишниот еден од најдобрите европски стрелци Роберт Левандовски е неизбежно.
– Тешко е да се споредат. Практично не можам. Душан е многу млад, додека Роберт е во поинаков момент од кариерата. И двајцата се силни напаѓачи, головите зборуваат сами за себе. Душан има 22 години и се уште може да се подобри. Тој има голема иднина. Лева има 34 години.