ФУДБАЛ

Милионерите обезбедиа потпис од „гол машината“!

Фантастичниот шпанскиот напаѓач Пако Алкасе ова лето пристигна на позајмица во Борусија Дортмунд од Барселона и по одличните натпревари за германскиот гигант, милионерите одлучиа да го откупат неговиот договор.

Денес, Борусија Дортмунд објави дека е направен траен трансфер на Пако Алкасер и дека Шпанецот потпишал договор кој важи до 2023 година.

Алкасер пристигна во Дортмунд откако стана јасно дека тој претставува вишок во тимот на Барса. Не успеа да се снајде на „Капм Ноу“, но затоа не му требаше долго да се снајде во Дортмунд.

Одличниот напаѓач забележа осум настапи за „Милионерите“ оваа сезона и успеа да постигне дури девет гола. Неговите статистики се импресивни, на теренот потроши 400 минути (гол на секои 44 минути), па затоа не е изненадувачки што Борусија одлучи да го купи неговиот договор.

Наводно, трансферот на Алкасер чини вкупно околу 23 милиони евра.