Ливерпул пред околу 50.000 фанови на Маракана претрпи пораз од Црвена Звезда со 2:0.
Ова е исто така една од најголемите сензации во историјата на Лигата на Шампионите, а „Црвенитесе“ поразот на Маракана го почувствуваа по првиот половина час, затоа што веќе беше 2:0 во корист на Црвена Звезда.
По поразот во таборот на Ливерпул, владееше големо разочарување. Џејмс Милнер, исто така, даде свое мислење за средбата.
„Почнавме лошо. Имавме шанса да се вратиме во натпреварот, но кога нема да ги користите, го знаете исходот… Останато е да се игра уште два натпревари, сето тоа зависи од нас, но треба да бидеме многу подобро“, рече Милнер по завршувањето на играта, па се осврна на атмосферата на стадионот.
„Домаќините зад себе имаа голема поддршка од трибините, долго време не игра во Лигата на шампионите. И Наполи имаше многу проблеми кога се појави тука во септември и знаевме дека и нас ќе ни биде тешко. Мораме да победуваме , се е на нашите рамења“, додаде Милнер.
По овој пораз на Ливерпул во групата Ц, се наоѓа на второ место со шест бода, два повеќе од Црвена Звезда, која е на последното месо.