Јапонскиот фудбалер Такуми Минамино оваа зима пристигна во Ливерпул од Ред Бул Салцбург.
Минамино имаше одлична полусезона во дресот на Салцбург, а челниците на Ливерпул решија да го купат уште во првиот ден од рокот за трансфер. Јапонецот пристигнаа на „Енфилд“ за околу десет милиони евра.
Овој 25-годишен играч особено ги воодушеви челниците на Ливерпул во натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите во кои Салцбург играше токму против „црвените“, со Минамино еден од најдобрите на теренот.
Јапонецот признаа дека тој сè уште се обидува да се прилагоди на новото опкружување, но дека набрзина навлезе во сето тоа. Минамино исто така се присети на тоа што му кажал Јирген Клоп кога се сретнале за прв пат кога дошол во клубот и рекол дека никогаш нема да го заборави тоа.
„Никогаш нема да ги заборави неговите зборови. По два или три дена откако дојдов во клубот, тој ми рече: „Само уживај во играта и играј каков што ти сакаш.“ Тоа ме воодушеви“, рече Минамино.