ФУДБАЛ

Минимална, но важна победа за Јувентус над Торино

Во дербито на Торино во 7. коло од Серија А, силите ги одмерија Торино и Јувентус.

Заврши 1:0 за Стара Дама, која постигна гол пред самиот крај на натпреварот

Имаше можност од двете страни, но кога се очекуваше крајот и распределбата на бодовите, се затресе мрежата на Торино.

Локатели прими прецизно додавање и веднаш шутираше, a топката заврши во мрежата, па така трите бда одат за Јувентус.

Со оваа победа Јувентус стигна до 11 -от бод и сега е на осмото место, додека Торино е на осум бода и ја зазема 11 -та позиција.

ПОВРЗАНО

Серија А