Фудбалерите на Баерн на домашен терен го совладаа Аугсбург во натпреварот од 29.коло во Бундес лигата. Резултатот беше 1:0.
Стрелец на единствениот гол во Минхен беше Роберт Левандовски. Тој беше прецизен од белата точка во 82. минута, а тоа беше негов 32. гол сезонава, а 23. гол на дуелите со Аугсбург. Само против Волфсбург даде повеќе – 24.
Рис Оксфрод играше со рака во шеснаесетникот, а по консултација со ВАР технологијата, судијата Патрик Итрич покажа на белата точка.
🔔 Schlusspfiff in der Arena! Wichtiger Heimsieg. 💪#FCBFCA #MiaSanMia pic.twitter.com/oDmsWT9ol3
— FC Bayern München (@FCBayern) April 9, 2022
Баерн е лидер со 69 бодови, девет повеќе од Борусија Дортмунд. До крајот на првенството остануваат уште пет кола, а титулата би можел да ја прослави со победа во 31. коло против Дортмунд.
Аугзбург е 14-ти со 32 бода.
Во следното коло Баерн ја пречекува Арминија, додека Аугсбург ја пречекува Херта.
Келн на домашен терен го победи Мајнц со 3:2.
Во 14. минута Буркат му донесе предност на Мајнц, а Онисиво во 55. минута зголеми на 2:0. Скири во 60. минута намали на 2:0, а потоа Љубичиќ погоди за израмнување 18 минути подоцна. Килијан ги постави конечните 3:2 и му донесе три бода на Келн, кој е на седмата позиција со 43 бода.
Мајнц е 10-ти со 38 бодови.
Борусија Менхенгладбах беше подобра од Гројтер Фирт со 2:0 на гости. Прашањето на победникот го решија Турам во 18. и Плеа во 24. минута.
Волфсбург ја декласираше Арминија пред домашните навивачи со 4:0. Двоен стрелец беше Лукас Нмека, кој погоди во 11. и 38. минута, а потоа Арнолд и Крузе ја завршија работата на почетокот на вториот дел.