Контроверзниот агент Мино Раиола ќе има полни раце работа во летниот преоден рок.
Многу од неговите клиенти повторно ќе бидат на пазарот, а најмногу се пишува за трансферот на Ерлинг Халанд, напаѓачот на Борусија Дортмунд, кого го бараат најголемите европски клубови.
Раиола доби навистина неверојатни бројки за неговите услуги. Летото што претстои дополнително ќе го збогати, а голем дел од парите би можеле да му дојдат од торинскиот Јувентус.
Мино ќе биде главниот човек за трансфери во редовите на италијанскиот великан во текот на летото, и нема да биде чудо ако некои од неговите клиенти го носат дресот на Старата дама.
Бројни играчи на Раиоли се поврзуваат со доаѓањето во Торино. Секако, најголеми имиња се Пол Погба и Џанлуги Донарума, но има уште неколку имиња за кои Јуве е заинтересиран.
Станува збор за Алесио Ромањоли и Лоренцо Пелегрини, кои веќе подолго време се поврзуваат со „бјанконерите“, додека се работи на заминувањето на Федерико Бернардески од клубот.
Исто така, треба да се напомене дека Јувентус нема да слуша никакви понуди за Матијас де Лихт и тој е клиент на Раиола кој скоро сигурно нема да го смени клубот во текот на летото.
Славниот агент очигледно повторно ќе се справи со Јувентус и ќе видиме дали некои од неговите играчи ќе завршуват во Торино.
Раиола е прилично подготвен за уште едно бурно лето на светскиот фудбалски пазар.