ФУДБАЛ

Мино Раиола ги трие рацете: ПСЖ ја „посрамоти“ Барселона со понудата за Де Лихт

Матеијс де Лихт останува една од главните теми на фудбалската јавност, бидејќи се уште не одлучил каде да ја продолжи својата кариера.

Де Лихт оваа сезона изненади со неговите настапите во дресот на Ајакс со кои стигна до двојна круна во Холандија. Овој дефанзивец доби капитенска трака, иако има само 19 години, што доволно кажува дека многу се очекува од него.

Многу европски гиганти покажаа интерес за Де Лихт, и изгледаше дека ќе оди во Барселона. Сепак, неговиот агент, Мино Раиола, е решен да добие пари што на Барселона не и е од корист.

Интерес за младиот Холанѓанец покажаа Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а францускиот клуб прави сé за да го донесе во своите редови. Парижаните не штедат пари и веруваат дека можат да го “убедат” Де Лихт да потпише за нивниот клуб.

Новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо, има одлични односи со Раиола и сака да го искористи. Француските медиуми објавија дека ПСЖ понуди дури 15 милиони евра годишно на Де Лихт, што е двојно повеќе од понудата на Барселона.

Исто така, парижаните се свесни дека клучната улога е Раиола и ќе му понудат износ што сигурно нема да може да го одбие. Наводно, Барселона му понуди на Де Лихт годишно меѓу пет и седум милиони евра, што е многу помалку од понудата на ПСЖ.