Познатиот агент Мино Раиола (54) утрово итно бил опериран во Милано.
Агентот на многу фудбалски ѕвезди од засега непознати причини заврши во болница и утрово беше опериран.
Засега не е познато зошто контроверзниот агент заврши на итна операција, но според италијанските медиуми тој ќе остане во болница во наредните денови.
https://twitter.com/FT_Italiano/status/1481260024718671877?
Повеќе информации за неговата здравствена состојба ќе бидат познати во наредните часови, а некои медиуми тврдат дека неговата состојба е доста сериозна.
Да потсетиме, холандско-италијанскиот агент се грижи за кариерите на вистинските светски фудбалски ѕвезди.
Во моментов во неговите раце се Ерлинг Халанд, Џиџи Донарума, Пол Погба, Матијс де Лихт, Марко Верати …