Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд (21) најверојатно следната година ќе ја напушти Борусија Дортмунд.
Одличниот напаѓач одлучи да остане во клубот ова лето, но се претпоставува дека следната година ќе направи голем трансфер.
Клубот кој го сака Халанд ќе треба да плати 75 милиони евра на сметката на Борусија Дортмунд, а дополнително ќе се соочи со навистина нереални трошоци кои ќе одат на сметката на фудбалерот и неговиот агент Мин Раиола.
Според Билд, контроверзниот холандски агент бара од Халанд плата од 50 милиони евра по сезона. Се разбира, има неколку тимови што можат да платат за тоа, но и тоа не би било крај на трошокот.
View this post on Instagram
Раиола наводно бара 40 милиони евра за себе. Тој ги сака овие пари за неговата посредничка улога во трансферот, па клубот што го ангажира Халанд ќе мора да издвои дури 165 милиони евра.
View this post on Instagram
Оваа бројка ќе биде уште поголема во зависност од должината на договорот на норвешкиот напаѓач, што сигурно нема да биде под пет години.
Доведување на Халанд е голем предизвик за сите клубови и ќе видиме како ќе заврши сето тоа.