Македонија синоќа на гости ја совлада Малта со 0-2 во квалификацискиот натпревар одигран, и со таа победа го запиша вториот триумф во групата Ц за пласман на ЕП 2024 година.
Напаѓачот Бојан Миовски по победата изјави дека за да одиш на едно големо натпреварување мора да победиш големи репрезентации.
„Секогаш е одлично кога ќе се даде рано гол против противник чија цел е да се брани. Убаво го отворивме натпреварот, до крајот на полувремето постигнавме уште еден гол и потоа сè беше рутински. Останавме со ист пристап до крајот на натпреварот, знаејќи дека резултатот е опасен. Имавме неколку шанси во финишот и за трет гол, ама во глобала сме задоволни со резултатот и пред од трите бода. Сега имаме исто бодови со Украина и со Италија, но ако сакаме да одиме на ЕП, реално, ќе мора да се победат и големите репрезентации“, изјави Миовски.
Македонија следните треи натпревари ги игра против Украина на 14 октомври, потоа ќе ѝ гостуваме на Италија (17 ноември), по што следува средба на домашен терен со лидерот на табелата, Англија (20 ноември).
