Вечерва Барселона потврди на официјалната веб-страница дека Миралем Пјаниќ е позитивен на коронавирус.
Каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница објави дека Пјаниќ тестирал позитивно за коронавирус, откако вчера бил тестиран.
Клубот потврди дека бх. репрезентативецот се чувствува добро и нема симптоми. Тој исто така е во домашна изолација и нема да патува во Барселона или да се приклучи на нов клуб наредните 15 дена.
Ова е многу лоша вест за тренерот Душан Бајевиќ, затоа што БиХ ќе игра во Лигата на нации против Италија и Полска на почетокот на септември. Сепак, извесно е дека во наредните денови ќе се знае дали Пјаниќ ќе се натпреварува на овие натпревари.
❗ ÚLTIMA HORA
Pjanic, positivo por Covid-19https://t.co/WnHYNvhsC7— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) August 23, 2020