ФУДБАЛ

Мируваа мрежите во Палермо на полувреме

Македонската фудбалска репрезентација во моментот го игра полуфиналниот натпревар од баражот за Светскотот првенство во Катар.

Моќната Италија не успеа да го најде патот до голот на Димитриевски благодарение на добрта игра во одбраната. Нашата репрезентација направи неколку грешки, но сепак мрежата на Македонија мируваше.

Италија имаше одлична шанса да го отвори резултатот во 30. минута од натпреварот по грешката на Димитриевски кога топката ја испрати дирекно во нозете на Берарди, но сепак италијанецот не успеа да погоди празен гол.

До крајот на полувремето мрежите мируваа.

ПОВРЗАНО

Столе Димитриевски