ФУДБАЛ

„Мислам дека е исправно да не примам плата додека е оваа криза“

Откако фудбалерите на ВБА и стручниот тим на ВБА кој се наоѓа во втората лига на Англија се согласија на намалување на платите, претседателот на клубот, Марк Џенкинс, презеде нови мерки.

Имено, Џенкинс се откажа од платата сè додека не помине оваа тешка состојба.

„Клубот нема приход, а мора да ги плати трошоците. Мислам дека е исправно да не примам плата додека е во тек оваа криза“, рече Џенкинс.

Парите ќе бидат насочени кон другите вработени за да не се отпуштат.

Намалувањето на платата на спортистите е една од главните теми. Вчера, Вејн Руни исто така го даде својот коментар.

„Ако Дерби ме прашаше за намалување на платите за да го спасам клубот, јас ќе разберам. И би помогнал колку што можам. Ако Владата ме замоли да им помогнам и тоа е во ред. Сè додека знам каде одат парите. Но, јас не сум како секој фудбалер. Имам голема кариера зад мене и заработив многу“, рече Руни, додавајќи:

„Не секој фудбалер е во иста позиција, но сепак од сите се бара да се откажат од 30 проценти од својата плата. Зошто фудбалерите одеднаш се жртвуваат? Она што се случи последните денови е срамно. Владата би требала да ја извести јавноста за најголемата криз во нашите животи. Зошто воопшто се разсмислува за платите на фудбалерите“.

„Како и да гледата, ние сме лесни мети. А, она што не се гледа е дека половина од нашата заработка отиде на данок. Ако некои фудбалери велат дека нема да се согласат на намалување на платите од 30 проценти од причина што тоа ќе ги уништи финансиски, тоа ќе биде прифатено како богати фудбалери да одбиваат намалување“.