ФУДБАЛ

Митровиќ: Можевме да постигнеме повеќе голови

Напаѓачот Александар Митровиќ беше херој на победата на Србија против Црна Гора во Подгорица.

Србија славеше со 2:0, а двата гола за Србија беа постигнати од брилијантниот напаѓач на Фулам, кој така потврди дека е во одлична форма.

“Игравме добро, тактички зрело и ги затворавме сите пристапи до голот. Го држевме Стеван Јоветиќ далеку од голот, бидејќи знаевме дека од него се заканува најголема опасност. Ги искористивме шансите што ги имавме, но имавме можност да постигнеме повеќе голови. Добар резултат, добра игра и заслужена победа “, истакна Митровиќ, а потоа го најави натпреварот со Романија:

“Во првиот натпревар ние покажавме дека сме подобар тим од Романците, но потоа бевме казнети за нашите грешки. Се надевам дека во недела ќе одиграме квалитетно како во првиот дуел, но и дека нема да ги правиме тие глупави грешки. Одиме на победа.”