ФУДБАЛ

Млада француска sвезда: „Каде ќе одам? Па, во Реал…”

Тимот на Лион има нова француска фудбалска sвезда во својот состав.

Тоа е Рајан Черки, кој на 16-годишна возраст има одиграно неколку брилијантни натпревари во првиот тим, а раскошниот талент што го поседува, го направи еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата.

Во Лион се свесни дека Черки е вистински бисер и може лесно да го надмине Мбапе во наредните сезони, а заради него многу месеци наназад на натпреварите во Лига 1 можеа да се видат многу скаути на најголемите европски клубови.

Сепак, само еден клуб во Лион доаѓа по Черки. Младиот фудбалер не крие дека е голем обожавател на Реал Мадрид, а дека се гледа на „Сантијаго Бернабеу“, тој откри и во своето последно појавување во медиумите за клупската телевизија кога одговара на прашања за неговите планови за иднината.

„Каде би сакале да играте по Лион? Само Реал Мадрид“, рече Шерки.

Черки сè уште не сака да ги прескокне скалите, сака да помине барем уште две години во Лион, а дотогаш неговата цена ќе биде неколку пати поголема.

Да додадеме дека неговиот договор со Лион важи до летото 2022 година.