Младата парагвајска пливачка Луана Алонсо го шокираше светот со одлуката по неуспехот на Олимпијадата во Париз, која беше отворена во петокот. Алонсо во саботата пливаше 100 метри делфин, а откако не се пласираше во полуфиналето реши да стави крај на кариерата!
Младата Луана има само 20 години и неуспехот очигледно многу ја погодил, а колку и значел настапот во Париз докажува и фактот што на десната нога го истетовирала симболот на Олимписките игри. Парагвајката целосно потфрли во квалификациите и на 100 метри делфин стил исплива само со време 1:03.09, а не беше ни блиску до најбрзите 16 пливачи кои се пласираа во полуфиналето. “Сега е официјално! Се повлекувам од пливање, многу ви благодарам на сите за поддршката! Извини Парагвај, само треба да ви се заблагодарам!”
