Во петтото коло на младинската лига на Македонија, група 2, младинците на Металург гостуваа кај екипата на Вардар. Видовме одличен натпревар во кој славеа нашите младинци, со резултат 29:34 (17:19).
Победата на Металург е сосема заслужена, бидејќи водевме во текот на целата средба.
Во првото полувреме одржувавме постојано водство од 1 до 3 гола, а овој период го добивме со резултат 17:19.
Уште подобро го одиграа нашите младинци вториот дел, во кој имавме и максимална предност од 6 голови.
Ова е четврта победа на нашиот младински тим, кој во следното коло во Автокоманда ќе го пречека тимот на РК Јуниор КВ.