Младиот аргентински напаѓач на Ривер Плата, Џулијан Алварез би можел да го напушти својот клуб во зимскиот преоден рок.
Имено, Алварез во последно време пружа одлични партии кои не останаа незабележани, па неколку европски великани сакаат да го видат во своите редови.
Информациите од Италија велат дека Јувентус и Фиорентина се многу заинтересирани за неговите услуги и дека се подготвени да склучат договори со Ривер Плата на која Алварез е обврзан со договор до крајот на следната година.
Покрај двата споменати клуба, во борбата за неговото доаѓање наводно се подготвени да влезат и Милан и Атлетико Мадрид, што секако оди во прилог на аргентинскиот клуб.
Во тековната сезона Алварез одигра 16 натпревари за Ривер Плата во првенството и постигна 15 гола, на кои додаде и шест асистенции.
За Ривер Плата одигра вкупно 90 натпревари со статистика од 31 гол и 23 асистенции. За аргентинската репрезентација одигра четири натпревари, а се уште не се запишал во листата на стрелците.