Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез по долго време најверојатно ќе има противник на претседателските избори.
Откако ги освои местата од 2009 до 2017 година без да има противник, 32-годишниот бизнисмен Енрике Рикелме е подготвен да ја заврши ерата на Перез во клубот.
Рикелме од детството има членска книшка во клубот. Така тој го исполнува условот да е член на клубот 20 или повеќе години, и лесно може да гарантира 15 проценти од буџетот на клубот, што во моментов е 92,5 милиони евра.
Тој го исполнува сето тоа и тврди дека е подготвен за предизвици.
“Клубот мора да се движи во друга насока и да стане вистинско светско име. Да се биде име на глобално ниво е многу повеќе од обиколка низ Америка. Подготвен сум професионално да управувам со вистински тим, не создаден од пријатели“, изјави Рикелме за„ Ел Конфиденсиал “.
Тој верува дека сега е време за промени во Реал.
“Флорентино Перез е без сомнение најдобриот претседател во историјата. Тој направи огромни работи за клубот, но сега се потребни промени и подигнување на клубот на повисоко ниво”, рече младиот бизнисмен.
Рикелме е сопственик на Кокс Енерџи и неговото богатство се проценува на 300 милиони евра.
Претседателските избори во Мадрид ќе се одржат во средината на оваа година.