Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место на Европското првенство во Скопје за играчи до 20 години Б-дивизија. Избраниците на селекторот Никола Василев загубија од Чешка со 85:72 во неделата, но сепак обезбедија пласман во А Дивизијата.
На социјалните мрежи е објавено видео кој наиде на бројни реакции и одобрувања, а моментот се случи токму по мечот во финалето. Имено, младиот македонски кошаркар Тома Стојановски при доделувањето на наградите ја покри придавката „Северна“ и го остави само делот кој пишува Македонија. Како што е познато, на официјалните мечеви по промената на името ФИБА дозволува само дресови на кои пишува Северна Македонија.
