ФУДБАЛ

Многу емоции на прославата на Феликс: „Блиските луѓе знаат низ што поминав“

Жоао Феликс имаше свој момент на „одмазда“ против Атлетико со гол за победа на Барселона. Моментот дополнително го зачини прослава со раширени раце, со која покажа колку му значи овој гол.

„Само блиските луѓе знаат низ што поминав. Дозволив се да излезе од мене, поради се што ми се случи мене и моето семејство. Тој гол е за мене и моите соиграчи во Барса кои ме пречекаа“ , изјави Феликс. и додаде:

„Знаевме дека тоа е многу важен натпревар и дека ќе биде тешко, секогаш е така со Атлетико. Голема победа за нас“.

Пред натпреварот, Антонан Гризман и Саул Нјигез го критикуваа пристапот на Феликс за време на неговиот престој во Атлетико.

„Да, секако, бев екстра мотивиран против моите поранешни соиграчи. Беше посебен натпревар и среќен сум со победата. Што се однесува до голот, единствен начин беше да го префрлам Облак, мило ми е што успеав“ заклучува 24-годишниот Португалец.

„Среќен сум во Барса. Се надевам дека клубот ќе се потруди да ме донесе трајно“, заклучи Феликс.