Наградата „Фудбалер на 21 век“ ќе биде врачена на 27 декември во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Комисијата „Глобални награди за фудбал“ наведе 28 кандидати кои можат да ја освојат престижната награда.
Меѓу овие кандидати се и Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Има и други големи имиња, како што се феноменот Зинедин Зидан, Андри Шевченко, Мухамед Салах, итн.
Се очекува многу силна конкуренција не само помеѓу Роналдо и Меси, туку и фудбалски икони како Зидан, Роналдо, Кака, Роналдињо, Шевченко, каде што последниот се истакна во првата декада на овој век.
На оваа листа се наоѓаат и Килијан Мбапе, Мохамед Салах, Роберт Левандовски, Нејмар, Лука Модриќ и многу други sвезди.