Манчестер Сити е во неверојатна низа победи.
Граѓаните славеа на 13 натпревари по ред во сите натпреварувања. Тие го презедоа врвот на Премиер лигата и тимот на Пеп Гвардиола игра феноменално.
По победата над Барнли со 2:0, Гвардиола не беше задоволен од одредени настани на теренот. Тој верува дека неговите играчи често губат лесни топки.
“Некои играчи изгубија лесни топки и тоа е единственото нешто што ме загрижува. Ќе разговарам со нив за тоа. Не сакам премногу да ги комплицираат работите, само за да играат едноставен фудбал”, рече Гвардиола.
Секако, многу тренери би сакале да имаат ваков вид на „маки“ што го има Гвардиола.