Реал Мадрид пред два дена објави дека Серхио Рамос ќе отсуствува три недели поради повреда.
Рамос се здоби со мала повреда на коленото на натпреварот помеѓу Шпанија и Германија, и ќе ги пропушти следните неколку натпревари на Реал.
Сепак, капитенот на кралскиот клуб вчера ги шокираше сите кога објави видео од теретаната и покажа дека тренира со полна брзина.
Многумина веруваат дека заздравувањето може да трае многу пократко од планираното. Исто така, се зборуваше дека заздравувањето ќе оди побавно затоа што Рамос е веќе на крајот од кариерата, но тој покажа дека навистина е вистинска машина.
View this post on Instagram