ФУДБАЛ

Модриќ: „Донесов одлука“

Хрватската репрезентација загуби од Шпанија во финалето на Лигата на нации и ја загуби можноста да го освои првиот трофеј. По овој меч најбрилијантниот од сите Лука Модриќ најверојатно ќе ја напушти одличната генерација на „ватрените“.

Многу се шпекулациите за негово збогување со репрезентацијата, а фудбалерот на Реал Мадрид изјави дека донел одлука.

Одлучив дали во иднина ќе играм за Хрватска, но сега нема да зборувам за тоа“,  изјави тој за новинарите по натпреварот.

На инсистирањето сепак да дознае дали ова му е последен меч, тој одговори:  „Не сакам да зборувам сега за тоа“.

Модриќ со хрватската репрезентација освои едно светско сребро и бронза. Златото недостасуваше, а можноста за тоа беше пропуштена синоќа. Има 38 настапи, а за хрватската репрезентација забележа 166 настапи.