Пандемијата на коронавирус сигурно ќе донесе големи финансиски проблеми во спортот.
Клубовите се во тешка состојба, а дополнителен проблем е што сите првенства престанаа и не е познато кога ќе продолжат.
Многу големи sвезди нема да можат да се платат како порано, а „Мундо Депортиво“ истакнува дека таква судбина го чека Хрватот Лука Модриќ во Реал.
Одамна се шпекулира дека тој ќе ги напушти Кралевите, иако има важечки договор до летото 2021 година.
Во Реал сакаат да заштедат, и од ни малку ефтиниот Модриќ да се ослободат, а Мартин Одегард би бил вратен од позајмица.
Тие го гледаат Одегард како наследник на Модриќ и пред него има светла кариера.
Пазарната вредност на Модриќ е 15 милиони евра, а тој се поврзува со Интер и Милан, како и со клубовите МЛС.
Останува да се види дали плановите на Реал ќе ги „присилат“ да ги забрзаат преговорите.