Хрватот Лука Модриќ би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од оваа сезона.
Поточно, шпанските медиуми пишуваат дека Милан Шкринијар, стопер на Интер, ќе дојде во Реал, додека Модриќ ќе отпатува за Италија.
Шкринијар се смета за еден од најдобрите стопери во Европа и секако би бил големо засилување за кралевите.
Шпанците изјавуваат дека трансферот е само формалност и дека сè е договорено.
Неодамна се појавија информации дека Модриќ може да замине во МЛС.
Желбата за Модриќ, меѓу другото, ја искажа ДЦ Јунајтед од Вашингтон, чии лидери наводно контактирале со неговиот агент, но шансите за трансфер во МЛС се минимални.