ФУДБАЛ

Модриќ го одби Милан?

Милан, наводно, одамна сакаше да ги доведе во своите редови членот на хрватската репрезентација и членот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Италијанскиот „Тутуспорт“ наведува дека Модриќ го одбил Милан, иако тоа е клуб за кој навива уште од детството.

Договорот на Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а „Кралевите“ бараат 20 милиони евра за него.

Тој се поврза и со Интер, па затоа ќе биде многу интересно да се види каква ќе биде конечната одлука.

Неодамна, спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан изјави дека во клубот не зборува многу за тоа.

„Не размислувам за Модриќ, туку за натпреварите против СПАЛ и Лацио. Овие се далеку поважни работи отколку размислување за приказната за Модриќ што некој ја пласирал“, изјави Бобан за „Скај Спорт“.

Модриќ оваа сезона има остварено само шест настапи во Ла Лига со еден погодок и две асистенции, ито така има и два настапи во ЛШ.

ПОВРЗАНО

Ла Лига