ФУДБАЛ

Модриќ: Голот на Рамос во Лисабон ја смени историјата на фудбалот

Доцниот погодок на Серхио Рамос во триумфот на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид во 2014 година ја смени историјата на европскиот фудбал, смета неговиот тимски колега Лука Модриќ.

Атлетико Мадрид почетниот погодок на Диего Коста го презеде водството, но шпанскиот дефанзивец Рамос постигна драматичен удар со глава во 93-та минута, со што го донесе натпреварот до продолжение.

Реал на овој натпревар славеше со 4:1 во Лисабон.

Тоа беше 10-ти трофеј за Мадрид – познат како „Ла Демица“ – но прв по 12 години.

Оттогаш, шпанскиот гигант освои уште три титули во Лигата на шампионите, но Модриќ не е сигурен дали тоа би било можно доколку Рамос не го постигна тој гол.

„Тешко е да се суди. Не знам. Може да се каже дека тој ја промени историјата на европскиот фудбал. Реал Мадрид имаше освоено многу трофеи, но тофејот од ЛШ го немаше освоено веќе 12 години“, рече Модриќ.

„Голот на Рамос промени нешто, менталитетот се смени. Од тој момент започнавме да стануваме многу силни во Европа и екипите почнаа повторно да се плашат“, додаде тој.

Реал оваа година не започна баш најдобро во Лигата на шампионите, по одиграни три натпревари иа освоено 4 пени.