ФУДБАЛ

„Модриќ изгледа како да има 22 години“

Реал Мадрид вчера го победи Атлетико Мадрид со 2-0.

Кралевите на тој начин ја потврдија одличната форма и ја заземаат лидерската позиција во шампионатот.

Искусниот Хрват Лука Модриќ брилјираше и во неколку наврати доби аплаузи.

Младиот Виникус Јуниор имаше и само пофални зборови за својот соиграч.

„Велат дека има 36 години, а мене ми се чини дека има 22 години. Сè што прави изгледа лесно, на теренот е неверојатен. Еден од најдобрите за играње на оваа игра. Секогаш ме советува, тој е одличен човек на теренот, но и надвор од него“, изјави Виникус.

Договорот на Модриќ со Реал истекува на лето, но јасно е дека ќе му биде понуден нов.