Медиумитњ во Шпанија, пишуваат за значителен пад на перформансите на Лука Модриќ.
Според нив, хрватскиот играч од средниот ред ризикува да си замине на крајот на сезоната, додека техничкиот персонал е загрижен за неговите настапи оваа сезона.
Враќањето на Дани Себалос и Мартин Одегард од позајмица или евентуалното потпишување на Ван Де Бик ќе го затвори просторот за поранешниот добитник на „Златната топка“ и изгледите за неговото заминување се многу конкретни.
Сепак, за 35-годишниот фудбалер сè уште има многу интерес во италијанското и англиското првенство, но и преку океанот, во Соединетите Американски држави.