На реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, Реал Мадрид ја совлада Аталанта со 3:1, и со тоа се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во елитното европско клупско натпреварување.
Избраниците на Зинедин Зидан одиграа добар натпревар, а одлична игра пружи и Лука Модриќ, кој игра како во најдобрите денови.
Хрватскиот играч за врска беше задоволен по натпреварот, а пред медиумите истакна дека се чувствува како да има 27 години.
“Шефот побара од нас постојано да вршиме притисок. Ние го сторивме тоа и тоа ни даде доверба”, истакна Модриќ по состанокот и додаде:
“Се чувствувам како да имам 27 години. Не размислувам повторно за мојата возраст. Не е важно, тоа е само твојата игра на теренот. Сè уште сум гладен за борби на највисоко ниво и секојдневна работа за да останам тука. Сега беше важно да се пласираме во четвртфиналето по две сезони кога бевме елиминирани порано. Можеме да одиме уште подалеку “.