ФУДБАЛ

Модриќ: Мора да знаеме дека даваме се од себе

Хрватската фудбалска репрезентација учеството на Светското првенство во Катар ќе го започне од 11:00 часот против Мароко, а во ова натпреварување влегуваат со уште поголеми амбиции од претходното во Русија каде го освоија второто место.

 

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ изјави дека на неговиот тим е да го даде својот максимум.

 

„Она што го поминавме во 2018 година беше незаборавно искуство, неизбришливо во нашите умови. Ќе зборуваме за тоа и ќе го паметиме до крајот на животот, но треба да го оставиме настрана. Многу играчи од Светското првенство во Русија ги нема, пристигнаа нови, квалитетни млади момчиња со свежа енергија. Ова е нов турнир и мораме така да гледаме. Од нас се очекува да играме со срце, да дадеме максимум и да го оставиме секој последен атом енергија на теренот. Ако тоа значи дека постигнуваме добри резултати, тогаш одлично – ако не, мораме да ја кренеме главата знаејќи дека дадовме се од себе“, изјави Модриќ.

Валид Реграги, селекторот на Мароко, смета дека го чека тешка работа против Хрватите.

 

„На сите им е јасно дека ќе биде тежок натпревар, се бориме против вицешампионот. Ја знаеме силата на Хрватска, свесни сме за квалитетот на нашите ривали, но го знаеме и својот. Хрватска е фаворит, знаеме кој е Лука Модриќ. Не сум разговарал со Вахид Халилхоџиќ, имаме голема почит за тоа што тој го направи за Мароко. Јас сум тука за него, но не разговаравме, ниту му се јавив“, рече Реграги .

 

Натпреварот меѓу Хрватска и Мароко започнува во 11.00 часот.