ФУДБАЛ

Модриќ: Мораме да го играме овој меч како финале

Реал Мадрид утре гостува кај Интер на „Џузепе Меаца“, натпревар во рамки од 4. коло во Лигата на шампиони.

Лука Модриќ овој натпревар го карактеризира како „финале во ЛШ“.

„Мораме да го играме овој меч како финале, како вистински тим. Се надевам дека ќе успееме во тоа. Сите знаеме колку Карим е важен фудбалер за нас, но сега му веруваме на Маријано Дијаз. Кои и фудбалери да ни недостасуваат, мораме да играме како тим да ги пополниме дупките“, рече Модриќ.

Модриќ коментираше и за критиките упатени кон Зидан.

„Имаме толку многу титули освоено со него, така што никој не се сомнева дека ќе продолжиме да победуваме“, заклучи Модриќ.